Концертот на поп дивата Мадона, што требаше да се одржи на 11 јуни на загрепскиот стадион „Максимир“, откажан е од логистички причини, пренесуваат хрватските медиуми.
- Во овој случај не можевме да одиме под некои договори што ги имавме со домашните партнери и да ги преземе логистичките обврски кои пред нас се дополнително ставени, а се однесуваат на начинот на користење на стадионот, соопштија промотерите на „Адриа Ентертејнмент“.
Картите за концертот, на кој Мадона требаше да го претстави новиот албум, пуштени се во продажба уште во средината на февруари, по цена од 30 до 230 евра.