МК Статија


Новите студии ќе ги изненадат сите они кои веруваат дека заљубеноста поминува после одредено време, бидејки според нивните резултати романтичните чувства можат да траат до крајот на животот.

pom500
Бјанка Асеведо, професорка на Универзитетот во Калифорнија, објаснува, дека постои многу голема разлика помеѓу романтична љубов и страст .
Кај романтичната љубов станува збор за многу интензивни чувства, чувство за блискост  и силна хемија помеѓу партнерите, додека страста, односно страсната врска, покрај се ова подразбира и опсесија.
Страсната врска вклучува и чувства на несигурност и вознемиреност и поради тоа неможе да трае долго. За разлика од страстите, чувствата на заљубеност и романтичната врска може да трае цел живот и да го направи животот многу посреќен и поздрав.
Во оваа анализа учествувале 27 парови, од кои 17 биле во кратки врски, а останатите 10 во долги, каде се покажало дека оние во чија врска биле вклучени романтичните чувства  се многу посреќни за разлика од оние кои имаат кратка врска исполнета со страсти.
Професорката Асеведо, истакнува дека луѓето кои се задоволни со својот љубовен живот, имаат повисоко ниво на самопочитување.