Учениците напаѓаат со палки, политичарите со зборови
Само во изминатата ноќ три момчиња се претепани во Градскиот Парк во Скопје, еден 20-годишник во Шуто Оризари е претепан од четворица насилници, еден полицаец е повреден во Тетово во обид да спречи инцидент. МВР поднесе 28 кривични пријави за насилство против учесниците во инцидентите.
Метални палки на извлекување со гумени рачки, метални шипки, ножеви, безбол палки, боксирачи и еден гасен пиштол. Ова се дел од предметите што биле пронајдени кај ученици при претресот што го изведе полицијата во автобусите по инцидентите што се случија деновите. Во врска со инцидентите кои изминативе неколку денови се случија во Скопје и Тетово, Министерството за внатрешни работи расчисти седум случаи во кои како учесници се идентификувани 28 лица од кои дел се малолетни. Најмладиот од осомничените има 11 години.
Но инцидентите не стивнуваат. Само во изминатата ноќ имаше неколку инциденти. Tри момчиња се претепани во Градскиот Парк во Скопје, еден 20-годишник во Шуто Оризари е претепан од четворица насилници, еден полицаец е повреден во Тетово во обид да спречи инцидент во кој две момчења биле физички нападнати, два автобуси во Скопје се каменувани.
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска изјави дека се поднесени кривични пријави за насилство против учесниците во
.