Спорт


Дарко Панчев од страна на англискиот магазин  кој се занимава со фудбалските случувања „fourfourtwo.com”, го прогласи за најдобар фудбалер во историјата на Црвена Ѕвезда, која со неговиот погодок стана европски шампион.

pancev.jpg500
Македонската легенда со Црвена Ѕвезда го освои Европскиот Куп (сега Лига на шампиони) во 1991 година во Бари, а само неколку месеци подоцна го освои и Интернационалниот куп во Јапонија.
Најпопуларниот фудбалски магазин на Островот, во своето последно издание голем дел му посвети на најтрофејниот српски клуб, во чии редови минале многу Македонци, од кои само двајца, Панчев и Илија Најдоски, го остварија сонот – се качија на европскиот и на светскиот трон.
„fourfourtwo.com” својата стандардна рубрика „трите најдобри“ им ја посвети на црвено-белите во која Миљан Миљаниќ е тренер број еден на клубот, а полуфиналето со Баерн во Минхен е најдобриот меч што го одиграла шампионската генерација во 1991 година.
„Кобра“ во 1988 пристигна во белградска Црвена Ѕвезда од редовите на тогашниот македонски шампион Вардар.
Во 91. настап за белградскиот клуб тој постигна 84. голови меѓу кои и славниот пенал за победа во „Европскиот Куп” во Бари. Дарко Панчев воедно е и единствениот Македонец кој ја има освоено “златната копачка” (сезона 1990/1991) со 34. постигнати гола. „Златната копачка” му беше предаден неколку години подоцна.
Магазинот својот избор го оправдал со зборовите: „Немања Видиќ и Дејан Станковиќ се познати производи на Црвена звезда, но и двајцата го напуштија клубот пред да го достигнат зенитот. Македонецот Панчев, од друга страна, беше клучен иницијатор на патот кон европската титула на клубот во 1991 година.