Friday, March 9, 2012

Дали Анџелина ја украла позата од Џенифер?

Дали Анџелина ја украла позата од Џенифер?

Прочуената поза на Анџелина Џоли со исфрлената нога на доделувањето оскари веќе има свој твитер-профил, пародија на бина (тројцата батки на кои таа им даде оскар веднаш ја изимитираа), милијарда имитатори и серија фотомонтажи. Но сега ногата на Џоли стекна уште едно нешто: конкуренција од ногата на никого друг туку баш на Џенифер Анистон!
Излегува дека тие две имаат повеќе заеднички нешта, а не само поврзаноста со Бред Пит, ако се суди според оваа слика. На неа Анистон и самата стои со подадена нога (многу поприродно од Анџелина) на доделувањето златни глобуси пред две години. Дури и фустаните им се слични, црни и со спуштено рамо, само што тој на Џенифер е на Валентино, а овој на Анџелина е на Версаче. И што на Џенифер многу подобро ѝ стои.
Ногата на Анџелина Џоли очигледно на сите им остави толку голем впечаток, што по церемонијата на доделувањето оскари таа е „насекаде“.
Во продолжение следува галерија од слики – инспирација од неповторливата ковчеста нога на Џоли на годинашново доделување на наградите од Американската филмска академија.


No comments:

Post a Comment