Saturday, March 10, 2012

Финансиската ситуација на покојната Витни Хјустон во последниве денови ги полни медиумските страници.

vitni-pari500
Имено, според Daily Mail, легендарната пејачка имала само 29 илјади долари на сметка и долгови повеќе од 4 милиони долари.
Ѕвездата која има продадени албуми во вредност од 170 милиони долари, го „прокоцкала“ целото свое богатство на пороците, но во тестаментот на својата ќерка Боби Кристина и оставила околу 6 милиони долари.
vitni-pari2500
Финансиските информации излегоа на површина со објавата на нејзините трошоци, каде што стои дека Витни имала 300 илјади долари животно осигурување, 40 илјади долари готовина, 225 илјади во даноци и само 1 милион долари приход од нејзините настапи.
Единствено што навистина вреди милиони се нејзините недвижности, домот во Њу Џерси кој вреди 6,5 милиони долари, а куќата во Атланта каде што живее ќерка и, 1,2 милиони долари.
vitni-pari3500
Иако станува збор за големи износи, сепак со оглед на популарноста и квалитетот на пејачката кариера која Витни ја имаше, големиот дел од богатството Витни го изгубила

No comments:

Post a Comment