Saturday, March 10, 2012

Петнаесет годишниот Андреј К. денес околу 17 часот бил физички нападнат од повеќе лица на улицата „Орце Николов“ во Скопје, во близина на Ентернет кафе.

policija-lenta-240
Според првичните полициски информации, малолетникот бил пресретнат од лицата кои го претепале.
Повреденото момче е пренесено во Градската болница каде е задржано на понатамошно лекување.
Полициските екипи по пријавата веднаш излегле на лице место, при што приведени се пет лица кои се наоѓале во близина на местото каде момчето било нападнато. Во тек е извршување на службен разговор со нив за да се утврди дали тие се напаѓачите.

No comments:

Post a Comment