Friday, March 9, 2012

На Анџелина Џоли ѝ треба чизбургер (ВИДЕО)

На Анџелина Џоли ѝ треба чизбургер (ВИДЕО)

Откако славната подадена нога на Анџелина Џоли на Оскарите предизвика масовни и разновидни реакции на Интернет, сега лекарите почнаа загрижено да ја коментираат нејзината ковчеста фигура.
Во телевизиската емисија „Д вју“ американскиот доктор Дру Пински рече: „Таа страда од неухранетост. И ние не треба да го гледаме тоа како идеал на убавината. Таа е прекрасна жена, но треба да се нахрани.“
Тој вели дека луѓето не треба да ѝ се восхитуваат на Анџелина, туку треба да се загрижат за неа (и можеби да ја нахранат).
„Преку глава ми е да молчиме за вакви работи. Кога молчев во врска со дрогирањето на рецепти, сите почнаа да умираат, па сега чувствувам обврска јавно да кажам: таа е неухранета. Таа ги има сите физички знаци на неухранетост.“
Во понеделникот и американскиот водител и политички коментатор Бил О’Рајли во своето шоу рече дека таа изгледа исцрпено и дека тој е загрижен за килажата на суперѕвездата.
„Јас сум нешто грешка или таа изгледа невидено слаба деновиве? Дури исцрпена? Јас бев вџашен. Па погледнете ѝ ги само рацете! Ова не е првпат медиумите масовно да го игнорираат физичкиот профил на госпоѓицата Џоли, но таа за некои жени е и идол. Мислам, таа е проѕирна од што е слаба!“, рече Рајли во емисијата.
Речиси на сите американски забавни сајтови се поставени анкети – дали Анџелина е анорексична или е само природно тенка – и наголемо води „анорексична“. Можеби тоа и ја натерало Џоли минатиот викенд да тркне до Мекдоналдс, каде што беше сликана како заедно со партнерот Бред Пит од автомобил купува ќеса со храна. Па веднаш се појавија анкети и обложувања – дали храната е за неа или ќе им ја носи дома на децата, или пак дали Бред Пит ја замолил продавачката во Мекдоналдс да спакува еден лист зелка во ќеса за вистинска храна.
Една работа е сигурна: со Анџелина Џоли светот секогаш има со што да губи време. Повелете загубете неколку минути со ова видео од Оскарите, каде што таа навистина изгледа како да ќе ја оддува ветар.




1 comment:

  1. Я Артур Борис, жыхар / грамадзянін Рэспублікі Расія. Мне 52 гады, прадпрымальнік / бізнесмен. У мяне калісьці былі складанасці з фінансаваннем майго праекта / бізнесу, калі не мой добры сябар, які пазнаёміў мяне са спадаром Бенджамінам Лі, каб атрымаць крэдыт у яго кампаніі на суму 250 000 долараў ЗША. Калі я звязаўся з імі, спатрэбілася ўсяго пяць рабочых дзён, каб зрабіць мой крэдытны працэс і перавесці на мой рахунак. Нават пры дрэннай крэдытнай гісторыі яны ўсё яшчэ прапануюць вам паслугу. Яны таксама прапануюць усе віды крэдытаў, такія як бізнес-крэдыты, крэдыты на жыллё, асабістыя крэдыты, крэдыты на аўтамабіль. Я не ведаю, як падзякаваць ім за тое, што яны зрабілі для мяне, але Бог узнагародзіць іх у залежнасці ад свайго багацця ў славе. Калі вам патрэбна тэрміновая матэрыяльная дапамога, звяжыцеся з імі сёння па электроннай пошце Lfdsloans@outlook.com WhatsApp інфармацыя ... + 1-989-394-3740

    ReplyDelete